ПОЗНАТИ ДЕТАЛИТЕ ОКОЛУ ДОАЃАЊЕТО НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ

Милан без ниту еден тренинг во Скопје

Седумкратниот европски првак утре ќе пристигне во Скопје, а в четврток ќе го игра реванш дуелот против Шкендија, во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа

објавено: 22 август 2017 - 12:00

Седумкратниот европски првак утре ќе пристигне во Скопје, а в четврток ќе го игра реванш дуелот против Шкендија, во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Тоа ќе биде најтрофејниот европски клуб кој некогаш играл во Скопје против македонски претставник. 

Според планот, „росонерите“ утре претпладне ќе тренираат во нивната база во Милано, а попладне ќе пристигнат во Скопје. Веднаш ќе бидат сместени во хотелот „Мериот“. Милан нема да го одржи планираниот вечерен тренинг на „Филип Втори арената“.

Најавено е дека италијанскиот калчолигаш воопшто нема да одржи ниту еден тренинг во Скопје, иако првично беше планирано да има лесен тренинг претпладнето на делот кога се игра средбата. Милан во нашата престолнина ќе остане нешто повеќе од 24 часа и ќе си замине. 

Италијанскиот тим има убедлива предност од 6:0 против Шкендија, по првиот меч одигран минатиот четврток на „Сан Сиро“.

Најново во Фудбал