СЕДУМКРАТНИОТ ЕВРОПСКИ ПРВАК ГОСТИН ВО СКОПЈЕ

Милан вечерва го затвора „лудиот“ август на „Филип Втори“

За неполни 20 дена, на нашиот најголем стадион играа светски гиганти како што се Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Фенербахче, а вечерва е Милан на ред да ја почувствува атмосферата

објавено: 24 август 2017 - 08:10

Седумкратниот европски првак Милан вечерва гостува на Шкендија, во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите. Повеќе од јасно е дека некогашниот италијански првак ќе оди понатаму, ако се знае дека на првиот меч, дуелот заврши 6:0 во корист на калчолигашот. 

Со вечерашниот настап на Милан на арената „Филип Втори“, се затвора „лудиот август“. За неполни 20 дена на нашиот најголем стадион играа светски гиганти како што се Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Фенербахче, а вечерва е ред на Милан.

Ниту еден друг стадион во светот не може да се пофали дека во август бил домаќин на двата најтрофејни клуба во Лигата на  шампионите (Реал има 12 титули и Милан 7), како и на најтрофејниот англиски тим (Манчестер Јунајтед 20 титули), додека Фенербахче е 19-кратен турски шампион. 

Едноставо македонските фудбалски фанови имаа месец во кои можеа да уживаат како никогаш досега. Вечерва Милан за спушта завесата на најфудбалскиот месец во нашата историја. 

Најново во Фудбал