НОВ КЛУБ ЗА МЛАДИОТ ИГРАЧ

Милош Тошески е нов фудбалер на ФК Земун (Фото)

20-годишниот играч од средниот ред пронајде нов клуб, ќе ги брани боите на ФК Земун.

објавено: 30 јуни 2018 - 15:50

Тој останува да игра на терените во Србија, односно претходно настапуваше за составот на ФК Бродарац Белград.

Со У19 тимот на Бродарац играше во младинската Лига на шампионите каде што забележа пет одиграни средби против Макаби Хаифа, Сабуртало и Манчестер Јунајтед.

Своевремено ги бранеше боите на У17 македонската фудбалска репрезентација за пласман во елитната рунда на УЕФА.

Во 2014. година со таа национална селекција настапи на пријателските дуели против Црна Гора, а со У17 и У19 беше дел од кампот во Дојран.

Најново во Фудбал