НОВ ПРЕДИЗВИК ЗА НАШИОТ ПОРАНЕШЕН СЕЛЕКТОР

Мирсад Јонуз назначен за нов тренер на Аигиниакос

Оваа информација официјално ја потврдија од клубот, се очекува денеска Јонуз да го има првиот тренинг со играчите.

објавено: 13 ноември 2018 - 08:06

Аигиниакос сезонава настапува во втората грчка фудбалска лига и моментно после три кола е на 12. позиција со два бода.

56-годишниот Мирсад Јонуз своевремено како фудбалер настапувал во Грција, за екипата на Левадиакос во периодот од 1993-1995.

Во тренерската кариера ги водеше Работнички, прилепска Победа, Неа Саламис Фамагуста од Кипар, а воедно ја водеше најдобрата македонска репрезентација од 2009-2011 година, како и младата У21 селекција (2003-2009).

Сениорите ги водеше на 20 натпревари со учинок од седум победи, четири нерешени и девет порази.

Најново во Фудбал