НАШИОТ ГОЛМАН ЦЕЛОСНО СЕ ОПОРАВИ ОД ПОВРЕДАТА

Митов Нилсон: Ако не можам да играм во Норчепинг, ќе барам други опции!

Сега е „деликатна" ситуацијата во неговиот шведски клуб Норчепинг и тренерот Јенс Густафсон.

објавено: 12 јули 2018 - 09:30

Во досегашниот период прва опција на голманската позиција беше Исак Петерсон, од друга страна и Митов Нилсон поседува голем талент и потенцијал. Свесни и удобни во клубот дека имаат двајца добри голмани кои заслужуваат редовна минутажа на терените.

Од клубот велат дека може да се ротира и се бараат други алтернативи, но сето тоа ќе зависи од перформансите на голманите.

„Си даваме поддршка, подобро е да имате тројца добри голмани кои се борат за стартно место, отколку двајца лоши", се зборовите на Митов Нилсон.

Тој има договор со Норчепинг до крајот на 2019. година и покрај силната конкуренција, нема намера веднаш да го напушти клубот, иако признава дека малиот број на настапи може да го сменат неговото мислење.

„Ако не можам тука да играм и не се придонесува во мојот развој, тогаш можеби ќе барам други опции. Но, секако во согласност со клубот. Досега не сум размислувал, ниту сум помислил во потрага по други клубови", додаде 27-годишниот голман кој дебитираше за македонската сениорска репрезентација пред три години во евро-квалификацискиот натпревар на гости кај Белорусија (0:0).

Најново во Фудбал