Втора елиминација за македонски клуб во второто учество

Младинците на Шкендија со реми се простија од ЛШ

Младинците на Шкендија не успеаја да ја елиминираат Нитра, по ремито, 1:1 во реваншот во Скопје и останаа покуси за еден гол во вкупниот резултат

објавено: 17 октомври 2017 - 16:20

Младинците на Шкендија не успеаја да ја елиминираат Нитра, по ремито, 1:1 во реваншот во Скопје и останаа покуси за еден гол во вкупниот резултат.

Поразот од 0:1 на првиот дуел во Словачка и рано примениот гол во Скопје, денеска беа клучни за елиминацијата на тетовци. 

Марјан Хобот во седмата минута ја затресе мрежата на Артан Иљази и ја направи мисијата на Шкендија речиси невозможна. На домаќините им беа потребни 3 гола за чудо и пласман понатаму, а дадоа само еден. Во 25. минута Албан Расими израмни на 1:1, а до крајот Шкендија се обидуваше да постигне барем уште еден гол, но не успеа.

Најново во Фудбал