ТРЕНЕРОТ НА МИЛАН ЗАДОВОЛЕН ОД УБЕДЛИВИОТ ТРИУМФ

Монтела: Лесен меч за нас, во Скопје доаѓаме со истите играчи

Тренерот на „росонерите“ вели дека и покрај убедливата победа има уште за подобрување во играта

објавено: 17 август 2017 - 23:00

Специјално од „Сан Сиро“ во Милано, Трајан Маневски

Тренерот на Милан, Виченцо Монтела беше задоволен по убедливата победа од 6:0 против Шкендија. Монтела вели дека и покрај победата, вели дека тимот уште треба да ја подобри играта, бидејќи ова уште е само почеток на сезоната. 

„Многу лесен меч за нас. Има уште детали на кои треба да работиме. Но се кога ќе се собере се беше на посакуваното ниво на овој меч. Имаме неколку нови играчи, кои треба да се прилагодат на тимот. Шкендија е еден добар организиран тим, но треба да работат на брзина во играта. Не очекував волку убедлива победа, но со прикажаното на терен, сосема ја заслуживме “, рече на пресконференцијата по мечот, тренерот на Милан, Монтела. 

Стратегот на Милан вели дека и покрај сигурниот пласман во групната фаза од Лигата на Европа, на реваншот во Скопје ќе пристапи сериозно и професионално. 

„И во Скопје ќе играме со истите играчи. Мора сериозно да пристапиме на секој меч, па така и на реваншот кој не очекува во Скопје“, додаде Монтела. 

Најново во Фудбал