МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН БИ БИЛ НОСИТЕЛ ВО ЖДРЕПКАТА

Можните ривали на Шкендија ако го елиминира Салцбург!

На 8. август од 19:00 часот во Ред Бул Арената ќе се игра првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите меѓу Салцбург и Шкендија. Реваншот е на „Филип Втори" Арената - Скопје од 20:15 часот на 14. август.

објавено: 3 август 2018 - 15:50

Победникот од овој двомеч ќе оди во плеј-офот на ЛШ, а поразениот ќе оди во плеј-офот на Лига Европа. Исто така подобриот од пресметката помеѓу Македонците и Австријците ќе си обезбеди директен настап во групите на ЛЕ.

Како што најавуваат од европската куќа на фудбалот (УЕФА), клубот од Тетово би бил носител во ждрепката за извлекување на двојките во плеј-офот на ЛШ, секако ако го елиминира Салцбург кој ја има фаворитската улога. Ждрепката ќе се одржи на 6. август (понеделник, 12:00 часот, Нион).

„ШАМПИОНСКИ ПАТ"

Носители

-победникот од Салцбург (Австрија)/Шкендија (Македонија)
-ПСВ Ајндховен (Холандија)
-победникот од Селтик (Шкотска)/АЕК (Грција)
-победникот од Астана (Казахстан)/Динамо Загреб (Хрватска)

Можни ривали:

-победникот од Карабах (Азербејџан)/БАТЕ Борисов (Белорусија)
-Јанг Бојс (Швајцарија)
-победникот од Малме (Шведска)/Види (Унгарија)
-победникот од Црвена Звезда (Србија)/Спартак Трнава (Словачка)

Најново во Фудбал