ТРЕБА ДА ИМА ДОГОВОР ОКОЛУ ДАТУМИТЕ

Можно е Ренџерс прво да гостува против Шкупи

Ждрепката на УЕФА сакаше сите три македонски претставници во Лигата на Европа, на првите мечеви од квалификациите да бидат гости, а реваншите да ги играат на домашен терен. Тоа претставува проблем кој најбрз можен рок треба да се реши

објавено: 20 јуни 2018 - 13:51

Шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс сепак, би можел да гостува на Шкупи во првиот меч од квалификациите во Лигата на Европа. Иако на ждрепката на УЕФА беше извлечено Ренџерс првиот меч да го игра во Глазгов, а Шкупи да биде домаќин на реваншот, можно е да дојде до промена. 

Тоа е така бидејќи сите три македонски претставници во Лигата на Европа треба првите мечеви да ги играат на гости, а реваншите на свој терен. Бидејќи Вардар, Работнички и Шкупи не може да ги одиграат своите меча во ист ден како домаќини, сега е потребен договор за тоа кој ќе отстапи од предвиденото со ждрепката на УЕФА. 

Доколку се случи Ренџерс да прифати да гостува на првиот меч, тоа ќе значи дека на 12 јули Шкупи ќе треба да биде домаќин на шкотскиот ривал. Ако не се согласат Шкотите на такво решение, останува Вардар или Работнички, да го сменат првичниот распоред на УЕФА. 

Најново во Фудбал