Вторпат ќе му суди на македонскиот шампион

Наставникот по физичко воспитување од Баку на центарот - Агајев главен судија на мечот Вардар - Реал Сосиедад

Азербејџанецот Алијар Агајев по вторпат во европските натпреварувања ќе му суди на Вардар, а во четврток 30-годишнито наставник по физичко воспитување ќе биде на центарот на „Филип Втори“ арената на дуелот на македонскиот првак против Реал Сосиедад

објавено: 16 октомври 2017 - 15:50

Азербејџанецот Алијар Агајев по вторпат во европските натпреварувања ќе му суди на Вардар, а во четврток 30-годишнито наставник по физичко воспитување ќе биде на центарот на „Филип Втори" арената на дуелот на македонскиот првак против Реал Сосиедад.

Агајев еднаш му ја делеше правдата на Вардар, во квалификацискиот меч со АПОЕЛ во Никозија за пласман во Лигата на шампионите. На 14. јули пред две години „црвено-црните“ останаа непоразени во Никозија, а мечот заврши без голови, резултат што и сега би бил добар за Вардар.

Дуелот се игра во четврток од 19 часот.

Најново во Фудбал