ПО РЕАКЦИИТЕ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПРОЧИТААТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Навивачите на Вардар се гневни по поразот од Пјуник

„Црвено-црните“ беа фаворити против Пјуник, но загубија во првиот меч од квалификациите во Лигата на Европа

објавено: 13 јули 2018 - 08:30

Вардар со пораз ја започна европската одисеја за ова лето. „Црвено-црните“ вчера беа поразени на гостински терен кај Пјуник во Ерменија со 1:0. Пораз на гости со еден гол разлика и не е толку страшно, но фактот дека Вардар беше фаворит, а не успеа речиси да создаде ниту една посериозна шанса, го вклучува алармот. 

Посебно гневни по поразот од Пјуник, беа вардаровите навивачи. На соцојалните мрежи речиси и да не можеше да се прочита позитивен коментар по поразот на Вардар. Најголемиот дел од фановите се разочарани не само од резултатот туку и од играта, која можеа да ја следат преку интернет стримовите кои беа достапни и во живо го пренесуваа дуелот. 

Ова се само дел од коментарите на фејсбук страницата на Вардар. Против Пјуник уште не е ништо загубено, бидејќи Вардар треба да победи барем со 2:0 во реваншот и да оди понатаму во второто по ранг натпреварување во Европа.

Најново во Фудбал