ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ЗАМЕНА НА ВАУЧЕРИТЕ

Навивачите побараа, Вардар одобри

Иако првично беше дека последниот ден за замена на ваучерите е недела (1 октомври), од таборот на „црвено-црните“ информираа дека се дадени дополнителни седум дена 

објавено: 30 септември 2017 - 20:40

Фудбалскиот клуб Вардар информира дека замената на ваучерите со електронски картички, ќе се одвива и во текот на идната недела. По барањето на фановите, замената ќе трае до 08.10.2017 година и ќе се одвива во просториите на фудбалската Академија на ФК Вардар (позади источната трибина) секој ден од 10 до 18 часот.

Овој потег е по барање на навивачите кои не успеале до сега да ги заменат истите, но ќе мора да бидат заменети со оглед дека со истите ќе може да се влегува на идните натпревари против Реал Сосиедад и против Розенборг. Влез со ваучери нема да биде дозволен.

Воедно информираме дека е во тек и продажбата на единечни билети за натпреварите со Реал Сосиедад и со Розенборг.

Најново во Фудбал