Азербејџанците воодушевени од нашиот најтрофеен клуб

Нефчи учи од Вардар

Елшад Ахмедов, еден од тренерите на азербејџанскиот клуб Нефчи го посети Вардар и со многу комплименти ја пофали инфраструктурата и организацијата во нашиот најпопуларен фудбалски клуб

објавено: 22 декември 2017 - 19:20

Елшад Ахмедов, еден од тренерите на азербејџанскиот клуб Нефчи го посети Вардар и со многу комплименти ја пофали инфраструктурата и организацијата во нашиот најпопуларен фудбалски клуб.

Ахмедов е прв тренер на резервниот тим на Нефчи и беше во Скопје, како дел од курсот за Про-лиценца.

„Поминав четири прекрасни денови во Скопје, а особено сум импресиониран од Вардар. Клуб кој има феноменални услови за работа. Академијата и тренинг центарот се модерни спортски објекти, кои нудат одлични услови за работа. Имав пријатна средна со легендата Дарко Панчев и со координаторот на вардаровата Академија, Бобан Бабунски. Не е случајно што Вардар играше во Европа Лигата и им посакувам повторно да се пласираат во фаза по групи во европските натпреварувања. Ова е и добро искуство за Нефчи“, вели Ахмедов.

Нефчи е најтрофејниот состав во Азербејџан со 8 титули и прв клуб од таа земја, исто како и Вардар во Македонија, што успеал да стаса до фаза по групи во европските купови. Во сезоната 2012/13 Нефчи стаса до Европа Лигата и со три бода беше последен во Х групата, во конкуренција на Рубин Казан, Интер и Партизан.

Најново во Фудбал