„РОМАНТИЧАРИТЕ“ НА ПРЕС ПО ПОВОД УТРЕШНИОТ ДУЕЛ СО ХОНВЕД

Нека биде макар 1:0 за Работнички

„Ова е најважен меч за нас, секоја резултат со даден гол, а без да се тресе нашата мрежа е добар за нас", истакна стратегот на „романтичарите" Ѓоре Јовановски.

објавено: 10 јули 2018 - 12:24

Работнички утре на ФФМ во 17:30 часот ќе го дочека Хонвед, во рамките на 1. квалификациски меч во ЛЕ. Билетите се пуштени продажба, тие ќе чинат по 200 денари. Инаку ова за Работнички ќе биде 13 пат како излегува во Европа. За очекувањата свој коментар даде стратегот Ѓоре Јовановски.

„За нас ова е најважен меч. Ние го респектираме Хонвед, доаѓа од подобро првенство од нашето, од голема фудбалска земја со богата традција. Но, јас сум оптимист и верувам дека можеме да ги минеме. Ги анализиравме нивните играчи секој посебно, сметам дека многу зависи од нас, како тоа ние ќе одиграме. Секој резултат со даден гол, а без примен е добар за нас, нека биде макар 1:0 за Работнички.

ПОДОБРИ СМЕ ОД ЛАНИ

„Убеден сум дека подобри сме од лани, времето ќе покаже дали сум во право. Хонвед е спој на искуство и младост, од лани двајцата најдобри си заминале, ја бараат уште играта. Сепак ќе видиме како ќе се одвиваат настаните на теренот. Ние сме подготвени за тоа што не очекува", заврши Јовановски.

ОСТОЈА: МОЖЕМЕ ДА ОДИМЕ НАТАМУ

Капитенот на „романтичарите" Остоја Стјепановиќ пак имаше свое размислување...

„Подготвени влегуваме на овој меч. Добро ги одработивме подготовките. Имаме доволно информации за нив. Имаме квалитет и доколку го дадеме максимумот можеме да одиме понатаму".

Најново во Фудбал