Се распукаа на домашен терен

Нема романса за Тре Пене, Работнички со 6:0 го декласира клубот од Сан Марино

Работнички беше убедлив на реваншот со Тре Пене и со 6:0 до врв ја наполни мрежата на гостите од Сан Марино за потврда на пласманот во второто квалификациско коло во Европа Лигата

објавено: 6 јули 2017 - 19:22

Работнички беше убедлив на реваншот со Тре Пене и со 6:0 до врв ја наполни мрежата на гостите од Сан Марино за потврда на пласманот во второто квалификациско коло во Европа Лигата.

Романтичарите речиси половина час бараа чаре како да го начнат бункерот на гостите, а Суад сахити прв успеа да погоди во 28. минута. Потоа се беше полесно, а предноста растеше со нови голови. Бојан Најденов постигна два гола по ред, еден во првиот дел еден во вториот, а Работнички веќе го имаше заверено пласманот понатаму. Кире Маркоски зголеми на 4:0 во 71. минута, а потоа два гола за неполна минута, први за него во дресот на Работнички постигна Стојанче Велинов. Погоди во 82. минута и во следната акција во 83. минута. За да се комплетираат скопските 6:0, или вкупните 7:0 за фаворитот Работнички.

Клубот од Деба маало сега го очекува подобриот од двомечот меѓу Рунавик и Динамо Минск.

Најново во Фудбал