ЕЛИМИНИРАНА ВИЧЕНЦА ДУРИ ВО ПЕНАЛ-СЕРИЈАТА

Несторовски и Трајковски избегнаа голем срам во италијанскиот Куп!

Малку недостасуваше повторно тимот на Палермо да биде изненадувачки исфрлен во раната фаза од „Копа Италија"...

објавено: 5 август 2018 - 23:30

Вечерва на својот стадион „Ренцо Барбера" играчите на овој клуб си играа со нервите на навивачите, во рамките од второто коло Палермо едвај на пенали со 6:5 ја совлада Виченца. Според најавите во следната трета рунда Палермо ќе ги одмери силите против Каљари на 12. август.

Во текот на првото полувреме имаа шанси домаќините да постигнат погодок и тоа преку македонските интернационалци Илија Несторовоски и Александар Трајковски.

После регуларните 90. минути беше 1:1, во судиското надополнување (90+2) поведе Виченца преку Џакомели, а 120. секунди подоцна за продолженија се погрижи Рајковиќ.

Виченца во првото продолжение повторно беше во минимална позитива благодарение на Тронко во 100. минута од средбата. Палермо одново се спаси во последните моменти, Србинот Рајковиќ по втор пат се запиша во листата на стрелците (120+2), по што победникот беше одлучен преку пеналите.

Таму Палермо триумфираше со 6:5, Несторовски беше непрецизен во првата серија, а Трајковски успешен во втората. За Виченца непрецизни од белата точка беа Гаши и Стеванин.

Најново во Фудбал