Повторно беше таличен

Николов: Сега без еуфорија, ќе славиме кога ќе го минеме Малме

Бобан Николов имаше подефанзивни задачи и мораше да внимава на десниот бек Тинерхолм, но сепак стаса да даде и гол, водечки за Вардар на првиот меч со Малме. На крајот мечот заврши нерешено, а јунакот на „црвено-црните“ во изјава за „Спортмедиа“ вели дека сега треба да се внимава и да не се влезе во еуфорија пред реваншот во Струмица

објавено: 12 јули 2017 - 21:42

Бобан Николов имаше подефанзивни задачи и мораше да внимава на десниот бек Тинерхолм, но сепак стаса да даде и гол, водечки за Вардар на првиот меч со Малме. На крајот мечот заврши нерешено, а јунакот на „црвено-црните" во изјава за „Спортмедиа" вели дека сега треба да се внимава и да не се влезе во еуфорија пред реваншот во Струмица.

„Среќни сме, имаме добар резултат, но не смее да не фати еуфорија. Има време ќе славиме само ако го минеме Малме. Имаме добар резултат, а до него стасавме со многу пот. Игравме против тим на кој навика му е да настапува во Лигата на шампионите, но сепак покажавме дека Вардар има добар тим и цврста цел да игра во фазата по групи. Една шанса имав и постигнав гол, па морам да бидам задоволен од ефектот. Повеќе бев посветен во одбраната на овој меч, но среќен сум што успеав да дадам гол. Ќе беше супер да ја задржевме предноста, но и со овој резултат имаме шанса да одиме понатаму. Сепак мора да бидеме смирени и пак да дадеме максимум за да го елиминираме Малме“, вели за „Спортмедиа“, Бобан Николов.

Нерешен резултат со постигнат гол на гости е одлично остварување во вакви натпревари пред реванш-мечот на свој терен. Овојпат домашен терен за Вардар ќе биде „Младост“ во Струмица, на 18. јули од 18 часот.

Најново во Фудбал