РЕАКЦИЈА И ОД НЕКОГАШНИОТ ВАРДАРЕЦ

Николов: Шкендија само покажа дека е мал клуб кој нема историја

„Кога Шкендија ќе направи барем малку од тоа што го има ВАРДАР тогаш радувајте се", вели актуелниот играч Видеотон

објавено: 19 април 2018 - 10:34

Навредливите песни кои играчите на Шкендија ги пееја по победата на Вардар во Скопје, ги разбранува страстите кај вардарците. Прв со реакција беше голманот на сеуште актуелниот првак Вардар, Филип Гачевски, кој на својот фејсбук профил, „го нападна" неговиот некогашен соиграч Висар Муслиу.

Зачуден од реакцијата на играчите на Шкендија е и некогашниот вардарец Бобан Николов. Репрезентативецот кој пред неколку месеци направи трансфер во унгарски Видеотон на својот фејсбук профил го кажа мислењето за начинот на кој се радуваа тетовчани.

„Кога Шкендија ќе направи барем малку од тоа што го има ВАРДАР тогаш радувајте се...ама како луѓе...Уште еднаш покажавте со вакво радување дека сте мал клуб кој немате историја и ништо позади вас ! Со исклучок на некои играчи од таму кои без разлика на се, јас ги почитувам и сум играл и играм со нив ! П.С: Почитувајте си ги колегите без разлика во кој клуб играте и покажете барем 'трошка' РЕСПЕКТ...Честито Титула !!! И не заборавајте...ЕДЕН Е ВАРДАР !!! Спортски поздрав"

Најново во Фудбал