Сакаат ново европско чудо

Николов: Зенит е силен, но Вардар има сила за подвиг

Бобан Николов е дел од победничката гемнерација на Вардар, прва што ќе игра во фаза по групи во европските натпреварувања, а утре со соиграчите ја почнуваат слатката авантура во Европа Лигата. „Зенит е силен, но и Вардар има сила за подвиг“, вели момчето што засекогаш ќе ги памети последните две години

објавено: 13 септември 2017 - 13:02

Бобан Николов е дел од победничката гемнерација на Вардар, прва што ќе игра во фаза по групи во европските натпреварувања, а утре со соиграчите ја почнуваат слатката авантура во Европа Лигата. „Зенит е силен, но и Вардар има сила за подвиг", вели момчето што засекогаш ќе ги памети последните две години. Тоа е момчето кое играше на историското Европско првенство во Полска со младинците, потоа дебитираше и во А селекцијата, каде сега е стандарден, а со Вардар забележа историски успех со пласман во Европа Лигата.

„Знаеме за квалитетот на Зенит. Добро ги анализиравме, имаат силна екипа и добри поединци. Ги цениме, но се цениме и себе си. Нема да не залаже фактот што долго време немаат постигнато гол. Тоа се играчи кои што со еден потег може да решаваат натпревари. Токму од тука не треба да мислиме дека ќе биде лесно и дека нивната неефикасност ќе ни ја олесни работата. Важно е да ја играме нашата игра, и верувам дека ќе не донесе до посакуваната цел", вели Бобан.

Вардар е дебитант, а првиот меч е исклучително значаен. Утре е големиот ден за вардар4овата армија навивачи и прв меч во фаза по групи во Европа. 

„Ние сме дебитанти и не смееме да се залетуваме ниту да се закануваме. Сепак, ветуваме дека ќе го дадеме максимумот, како што беше на натпреварите со Фенербахче. Кога можевме да елиминираме еден таков гигант, зошто да не победиме и со Зенит. Но, ќе биде тоа тежок натпревар, ќе биде тоа меч против екипа која има многу силни поединци, добар тренер на клупата. Тие имаат огромно искуство во вакви мечеви, и тоа може да биде на некој начин предност за нив", вели Николов.

Почетокот на мечот е закажан за 21,05 часот на „Филип Втори“ арената.

Најново во Фудбал