УЕФА СО УШТЕ ЕДНА ОБВРСКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ СУДИЈА

Нов меч за Ставрев во групите на Лига Европа

Александар Ставрев ќе им суди на екипите кои се натпреваруваат во групата И од новата сезона во фудбалската Лига Европа, станува збор за Малме и Бешикташ кои ќе сретнат в четврток од 21:00 часот.

објавено: 1 октомври 2018 - 12:45

Дуел кој што ќе се игра на 4. октомври на стадионот во Малме (Шведска), помошници на Ставрев ќе му бидат Марјан Кировски и Дејан Костадов, четврти судија е Никола Караколев, сите од Македонија.  УЕФА делегат е Бернхард Нојхолд од Австрија, а контролор Русинот Сергеј Зујев.

Во групата И настапуваат уште тимовите на Генк и Сарпсборг. После првото коло по три бода на табелата имаат Бешикташ и Генк.

Сезонава Ставрев имаше уште три меча во ЛИга Европа, во второто квалификациско коло (Лајпциг-Хакен 4:0), во третото квалификациско коло (Брага-Зорја 2:2) и плеј-офот (Карабах-Шериф 3:0).

Најново во Фудбал