на кипар немаат милост кон нашите голмани, „летаат“ погодоци

Нурединоски и Богатинов заедно примија 13 голови во еден ден

Един шест пати ја вадеше топката од мрежата, додека Мартин прими дури седум погодоци 

објавено: 6 февруари 2018 - 21:40

Со полна мрежа погодоци нашите интернационални голмани Един Нурединоски и Мартин Богатинов, го поминаа денешното коло во кипарското првенство. Чуварите на мрежата на екипите на Арис и Ахнас беа едни од голманите кои најчесто „капитулираа“ во денешниот „сиромашен“ ден со мечеви во Европа. 

Нурединоски прими шест гола во поразот на Арис на свој терен со 0:6 од Пахос. Освен Един во тимот на домаќините беше и Влатко Дробаров.

Уште полошо од Нурединоски и Дробаров помина Богатинов. Како голман на Ахнас, Мартин на гостувањето кај АПОЕЛ прими седум погодоци.

Пред точно една недела Арис и Ахнас играа меѓусебе, а тој меч заврши со победа на Арис од 4:0. Кипарското првенство важи како едно од оние, каде што на мечевите често има барем по 3/4 погодоци и се како „мамка“ за оние играчи во обложувалниците кои играат на погодоци. 

По 23 одиграни средби, Ахнас е на последното место на табелата во Кипар со само 8 освоени бодови, додека Арис е претпоследен со 16 бодови.

Најново во Фудбал