УЕФА ГО ОБЈАВИ НАГРАДНИОТ ФОНД ЗА НОВОТО НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Од Лигата на нации, ФФМ има загарантирани 500.000 евра, можни се плус уште толку

Сите учесници во Д групата на Лигата на нации на УЕФА, за самото учество имаат загарантирани половина милион евра. Победникот ќе добие плус уште толку, 

објавено: 23 март 2018 - 18:41

Македонската фудбалска федерација ќе заработи 500.000 евра само од учеството на нашата селекција на новоформираното натпреварување, Лигата на Нации. Европската фудбалска куќа (УЕФА) го обелодени наградниот фонд за ова натпреварување. 

УЕФА реши сите селекции кои се во Д сегментот, каде е и Македонија, да имаат загарантирани 500.000 евра. Македонија атакува да го освои првото место во групата, што ќе значи и дополнтелни 500.000 евра. Во групата со „Црвено-жолтите“ се Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.

Вкупно УЕФА за учесниците во Лигата на нации има подготвено награден фонд вреден 76,25 милиони евра. Оние селекции кои се во елитната А група, ќе добијат по 1,5 милиони евра за самото учество. Селекциите во Б групата имаат сигурно милион евра, а тие во Ц групата ќе добијат по 750.000 евра. 

Најново во Фудбал