ПОТВРДЕНА НАЈАВАТА НА „СПОРТ“

Официјално: Блажевски е нов фудбалер на Тирана

Како што и претходно најавуваше Спортскиот дневен весник „Спорт", тоа денеска и се потврди.

објавено: 23 јуни 2018 - 21:10

Дејан Блажевски е нов играч на албанскиот тим на Тирана, беше промовиран во канцелариите на клубот за новата натпреварувачка сезона. Во потпишаниот договор, предвидена е уште една година.

Досега ги бранеше боите на Вардар во чиј дрес реализираше вкупно 36 голови, ова ќе биде големо засилување за суперлигашкиот тим од Албанија.

32-годишниот фудбалер исто така беше дел уште од Пелистер, Агротикос Астерас, Вериа, Катерини, Турново и Ланкаран, а има и четири настапи и еден погодок за најдобрата македонска репрезентација.

Најново во Фудбал