ПОТВРДЕНО ОД ШАМПИОНОТ

Официјално: Гледи Мици две години во Шкендија

27-годишниот лев бек и официјално е промовиран како ново летно засилување на македонскиот шампион.

објавено: 21 јули 2018 - 12:37

Како што известуваат од ФК Шкендија, Гледи Мици потпиша договор на две години, доаѓајќи од редовите на албанската екипа на Скендербег.

Со тој клуб успеа да ги освои шампионатот на Албанија, Купот и Суперкупот, а играше и во групите на Лига Европа.

Играчот од Тирана во својата кариера беше дел уште од Кукси, Фљамуртари, Камза и Аполонија. Се очекува веднаш да им се приклучи на своите нови тимски колеги на тренинзите.

Нема право на настап во двомечот против Шериф Тираспол во 2. квалификациско коло на ЛШ, но тренерот Ќатип Османи ќе го има на располагање во евентуалното трето коло.

Најново во Фудбал