За да нема инциденти

Ограничено движење за навивачите на Малме, полиција ќе ги чува во струмички паб

Навивачите на Малме ќе пристигнат во Скопје околу 13 часот, а потоа веднаш со полициска придружба ќе се лпрефрлат во Струмица, каде ќе го бодрат својот клуб против Вардар, од 18 часот во реванш мечот од второто квалификациско коло

објавено: 18 јули 2017 - 10:00

Навивачите на Малме ќе пристигнат во Скопје околу 13 часот, а потоа веднаш со полициска придружба ќе се префрлат во Струмица, каде ќе го бодрат својот клуб, против Вардар, од 18 часот во реванш мечот од второто квалификациско коло.

Шведските навивачи ќе бидат во Струмица некопку часа, а добија инструкции да се групираат во еден од пабовите и да не се движат низ градот, за да не дојде до инциденти. Журката за гостите ќе трае до 16,45 часот кога повторно со придружба на полицијата ќе тргнат кон стадионот „Младост“. Ќе бидат сместени во секторот Б7, за да не дојде до контакт со симпатизерите на Вардар. Веднаш по мечот повторно со полициска придружба фановите на Малме ќе бидат испратени до скопскиот аеродром на патот кон Шведска.

Најново во Фудбал