Убава акција и радост за македонскиот првак

Опасен трилинг на Вардар - Итало го „начна“ Розенборг (Видео)

Бразилецот Итало со прекрасен гол ја круниса убавата акција на Вардар во деветтата минута, за предност на македонскиот првак против Норвешкиот шампион Розенборг во последниот меч во Л групата во Европа Лигата

објавено: 7 декември 2017 - 21:31

Бразилецот Итало со прекрасен гол ја круниса убавата акција на Вардар во деветтата минута, за предност на македонскиот првак против Норвешкиот шампион Розенборг во последниот меч во Л групата во Европа Лигата.

Трилингот Бесир Демири, Бобан Николов и стрелецот Итало им „скроија капа“ на гостите, кои беа изненадени и сега имаат негатива од еден гол. За првпат во првото учество во фаза по групи во Европа Лигата Вардар има предност, откако претходно ги загуби сите пет натпревари.

Најново во Фудбал