Нема кој да ги сопре

Опасни млади орли - Србија сигурно лета кон ЕП во Италија

Младата репрезентација на Србија за фудбалери до 21 година ја забележа и петтата победа во нашата седма квалификациска група и сигурно чекори кон следното Европско првенство закажано за две години. Во Ереван со голот на Лутовац, младите орли славеа против Ерменија со 1:0

објавено: 14 ноември 2017 - 13:54

Младата репрезентација на Србија за фудбалери до 21 година ја забележа и петтата победа во нашата седма квалификациска група и сигурно чекори кон следното Европско првенство закажано за две години. Во Ереван со голот на Лутовац, младите орли славеа против Ерменија со 1:0. И со 15 бодови и максимален учинок се високо на врвот, пред Русија, која има 10 бода од пет натпревари.

Лутовац во 53. минута одлично реагираше на аистенцијата на Јовиќ и во вториот настап за селекцијата на Србија го постигна вториот погодок, во Еереван решавачки за нов триумф на неговата репрезентација.

Најново во Фудбал