ТРЕНЕРОТ НА ТЕТОВЧАНИ Е ЗАДОВОЛЕН

Османи: Чекор понапред кон двојна круна

Во првиот дел игравме во грч и не сакавме да ризикуваме, потоа доминиравме и апсолутно заслужено победивме, вели популарниот Ќато 

објавено: 7 март 2018 - 17:40

По триумфот над Вардар и пласманот во полуфиналето на Купот на Македонија, секако дека стратегот на Шкендија Ќатип Османи беше задоволен...

„Во првото полувреме игравме во грч и со оглед на тоа дека имавме добар резултат не сакавме да ризикуваме. Потоа во продолжение од мечот доминиравме, постигнавме четири голови и заслужено го победивме Вардар со 4:0. Одиме кон нашата цел што си ја зацртавме. а таа е освојување на двојната круна. Во првенството имаме 14 бодови предност а во Купот го елиминиравме најголемиот конкурент. Имаме причини да бидеме задоволни" рече тренерот на Шкендија.

Најново во Фудбал