ТРЕНЕРОТ НА ШКЕНДИЈА ЗНАЕ ДЕКА ИГРАТА НЕ БЕШЕ КАКО ШТО ТРЕБА

Османи: Одбраната не беше на посакуваното ниво

Разочарувањето кај стратегот на тетовци е големо

објавено: 17 август 2017 - 23:21

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи очекувано беше разочаран од исходот на „Сан Сиро“. Стратегот на тетовци вели дека дефанзивата не била на вистинско ниво, но и дека дел од играчите кои беа на теренот, психички не беа подготвени да се справат со еден гигант како што е седумкратниот европски првак. 

„Му честитам на Милан за победата. Ние денеска не одигравме на посакуваното ниво. Во дефанзивата правевме грешки, а екипа како Милан знае како тоа да ги искористи. Нас сега ни останува да се подготвиме за реваншот и да покажеме многу подобра игра на вториот меч. Одбраната воопшто не беше на ниво. Милан беше поквалитетен тим од нас. Психолошки некои играчи не беа доволно подготвени за ваков меч. Ќе го анализираме овој меч и ќе видиме каде имаме грешки“, реше стратегот Османи на прес конференцијата по средбата во Милано.

Најново во Фудбал