ТЕТОВЦИ ПО ТРЕТ ПАТ СЕ СРЕЌАВААТ СО ЕКИПА ОД БРИТАНИЈА

Островјаните се енигма за Шкендија

Нашиот првак ќе има шанса со ТНС да се одмазди за елиминациите од Портдаун и Абердин. Велшаните нека платат за се...

објавено: 5 јули 2018 - 12:00

Благодарение на успесите во последните две години, двапати едноподруго беше изборуван пласман во плеј - офот во Лигата на Европа, Шкендија го има еден од најдобрите евро - биланси од нашите екипи.

На тие вкупно 24 меча, тетовци имаат 9 победи, 5 ремија и 10 порази со гол разлика од 27:30. Да не беше оној двоен пораз лани од Милан секако дека тетовци ќе имаат позитивен биланс.

ПРВО ПОРТДАУН, ПОТОА И АБЕРДИН...

Во сезоната 2012/2013 во квалификациите во Лигата на Европа, екипата на Шкендија за ривал го доби Портадун од С. Ирска.

И кога сите мислеа дека тетовци лесно ќе минат во следната фаза се случи чудо. Шкендија прво дома одигра 0:0 а во реваншот беше 1:2 за домашниот тим.

Во летото 2015 година, засилена со Хасани и Ибраими, Шкендија за ривал го доби составот на Абердин, славниот тим од Шкотска. И сега прво играше дома, резултатот беше 1:1 а во ребаншот во Шкотска мрежите мируваа, шансите беа на страната на Шкендија, но гол немаше па немаше.

ШАНСА ЗА ОДМАЗДА

Сега на ред е ТНС или Њу Сејнтс. Тим од Велс, и овој двомеч започнува во Скопје, и сега Шкендија првиот меч го игра како домаќин.

Да се надеваме дека Шкендија ќе има сила и знаење сите дилеми да ги разреши уште дома, реваншот да биде само формалност. Ова е големата шанса која Шкендија ја чека со цел да им се одмазди на екипите од Островот.

Најново во Фудбал