ВО ЕВЕНТУАЛНИОТ ПЛЕЈ-ОФ НА ЛИГА ЕВРОПА

Ова е „планот Б“: Кој ја чека Шкендија ако испадне од Салцбург?

Македонскиот шампион е насочен кон стартните 90. минути в среда (8. август) во Ред Бул Арената против Салцбург во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите со почеток од 19:00 часот.

објавено: 4 август 2018 - 17:30

Фаворитската улога ја имаат Австријците и доколку се случи елиминација на избраниците на тренерот Ќатип Османи, тоа нема да значи крај на меѓународниот настап ова лето, туку ќе се продолжи во плеј-офот на Лига Европа, како последна пречка за влез во групите во ова натпреварување.

УЕФА објави дека на 6. август, 13:30 часот во Нион Шкендија е носител во ждрепката за извлекување на двојките во плеј-офот на ЛЕ.

Можни противници на Шкендија во плеј-офот на Лига Европа би можеле да бидат победниците од овие натпревари:

Алашкерт (Ерменија)-Клуж (Романија)
Олимпија (Словенија)-Хелсинки (Финска)
Корк Сити (Ирска)-Розенборг (Норвешка)
Хапоел Бер Шева (Израел)-АПОЕЛ (Кипар)

Исто така, претходно ги објавивме можните ривали на тетовските „црвено-црни" во плеј-офот во Лигата на шампионите ако бидат подобри од австрискиот претставник. ПОВЕЌЕ ТУКА

Најново во Фудбал