Гостите брилијантни во стил на реномето

Пак стоиме мирно и со почит пред моќна шпанска армада - Реал Сосиедад го декласира Вардар со 6:0

Македонски фудбалски состав повторно стои мирно пред моќна шпанска армада како и многупати досега против за нас најнезгодните можни ривали, а вечерва настрада Вардар во дуелот со Реал Сосиедад

објавено: 19 октомври 2017 - 20:49

Македонски фудбалски состав повторно стои мирно пред моќна шпанска армада како и многупати досега против за нас најнезгодните можни ривали, а вечерва настрада Вардар во дуелот со Реал Сосиедад со неверојатен резултат од 0:6.

Гостите играа импресивно и држеа модерна фудбалска лекција за ривалите кои се македонски шампиони, но вечерва едноставно не беа на потребното ниво за натпревари во Европа. Оправдание не е ниту првото учество на вардарци во Европа Лигата, бидејќи беа апсолутно инфериорни во дуелот со тимот од Сан Себастијан.

Микел Ојарзабал во 12. минута му донес епредност на гостинот, а потоа рафално 4 пати во серија стрелаше Хозе Вилијан. Во финишот и Алберто дела Бела беше прецизен за највисокиот пораз на Вардар во европските купови.

Најново во Фудбал