ЈА ПОТВРДИ ПОБЕДАТА НА ЏЕНОВА

Пандев даде гол за најавните шпици! (Видео)

На капитенот на македонската репрезентација му беше доволно да одигра 10-тина минути за Џенова и да блесне на дуелот против Верона. Пандев во игра влезе во 81 минута, а во судиското надополнување даде еврогол. 

Популарниот Гоче прифати една топка на 40 метри до голот на противникот. Сам стигна до 20-тина метри, а потоа на мајсторски начин ја поткопа топката и го лобуваше гостинскиот голман, поставувајќи го конечниот резултат, Џенова - Верона 3:1. 

објавено: 23 април 2018 - 22:44

Најново во Фудбал