Капитенот на репрезентацијата промовиран во нов амбасадор

Пандев сака Манчестер и Јувентус или Барселона да играат во Суперкупот во Скопје

„Благодарност за укажаната доверба да бидам амбасадор на еден меч во кои учествуваат освојувачите на двата трофеи на УЕФА“, рече Пандев, кој додаде дека сака во Скопје да играат Манчестер Јунајтед како победник во Лигата на Европа и Барселона или Јувентус како евентуални прваци во Лигата на шампионите.

објавено: 20 март 2017 - 12:13

Македонија со нетрпение очекува да биде домаќин на едно од најголемите натпреварувања на УЕФА, Суперкупот. Мечот меѓу двата најдобри тима во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе се игра на 8. август на националната "Телеком арена" во Скопје.

„Ќе бидеме домаќини на еден од најголемите настани. Горди сме што ја заслуживме можноста да бидеме домаќини на ваков настан. Благодариме на УЕФА за дадената доверба. Ова е сон на многу генерации фудбалски работници од минатото. Стадион e по сите критериуми на УЕФА. Еден од најдобрите во регионот. Чест и задоволство e Горан Пандев да биде амбасадор на Суперкупот“, рече претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.

Во 2010 година Горан Пандев со Интер беше дел од Суперкупот на УЕФА, но за жал неуспеа да го крене трофејот. Сега, популарниот Гоче во улога на амбасадор ќе ги пречека победникот во Лигата на шампионите и освојувачот во Лигата на Европа.

„Благодарност за укажаната доверба да бидам амбасадор на еден меч во кои учествуваат освојувачите на двата трофеи на УЕФА“, рече Пандев, кој додаде дека сака во Скопје да играат Манчестер Јунајтед како победник во Лигата на Европа и Барселона или Јувентус како евентуални прваци во Лигата на шампионите.

Најново во Фудбал