ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „МАКЕДОНСКИ СПОРТ“

Пандев: Останувам во Џенова и во следната сезона

„Имав средба со претседателот на Џенова, и прифатив да бидам дел од тимот и во следната сезона“, изјави Пандев

објавено: 26 април 2018 - 13:00

Горан Пандев и во наредната сезона ќе биде во дресот на Џенова. Оваа вест екслузивно за „Македонски Спорт" ја открива нашиот најдобар фудбалер на денешницата. Волшебникот кој летово ќе наполни 35 години и фудбалер за кого во понеделникот зборуваше целиот фудбалски свет. Ремек делото против Верона и голот кој го постигна во 90 минута од натпреварот го сместија нашиот Горан Пандев меѓу фудбалерите кои постигнале едни од најубавите голови во Италија.

„Убав гол нема што. Како само се спушти топката!? Гол како гол, но овој навистина е убав. Еден од моите најубави во кариерата. Сум постигнувал многу погодоци, секој си има своја тежина но овој лоб удар ми дава сила за предизвиците кои следат", беше коментарот на Горан Пандев при нашиот разговор во вторникот.Капитенот на нашата фудбалска репрезентација воедно откри дека пред натпреварот со Верона имал средба со првиот човек на Џенова.

Претседателот на клубот уште зимоска му ја дал понудата, но дури сега нашиот најдобар фудбалер одлучил да прифати продолжување на соработката.

„Прифатив да останам и во наредната сезона во дресот на Џенова. Претседателот му ја даде оваа понуда уште во зимата но еве сега одлучивме заедно да ја продолжиме соработката. Не се давам...(ха, ха, ха) Имам уште да играм во Италија. Џенова ми ги отвара вратите да останам да работам во клубот и откако ќе одлучам да ставам крај на играчката кариера. Убаво ми е тука. Фамилијата ми е среќна а и јас уживам во Џенова. Затоа и не се двоумев и не размислував за други предизвици", ни изјави Горан Пандев.

 

Во интервјуто за „Македонски спорт“ Пандев зборува и за неговите планови околу Академија Пандев, одговора на прашањето за кого навива да освои титула во Италија, како и за репрезентацијата на Македонија.

Целото интервју прочитајте го во печатеното издание на „Македонски спорт“.

 

Најново во Фудбал