КАПИТЕНОТ НА НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Е ДУРИ И ПРЕД ЛИОНЕЛ МЕСИ

Пандев меѓу топ 20 играчи во Европа, по заработени пенали

Речиси една и пол деценија играње во Серија А е доволно Горан да биде меѓу најдобрите во топ 5 лигите

објавено: 16 март 2018 - 11:46

Капитенот на македонската репрезентација се најде на листата меѓу фудбалерите кои заработиле најмногу пенали во најсилните пет лиги во Европа. Според „Опта“, Пандев е меѓу најдобрите 20 со 11 заработени пенали во речиси една и пол децениската кариера во италијанската Серија А. 

Пандев во Италија играше за Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова, а вкупно над него се направени 11 пенали. Со ваков биланс, популарниот Гоче е во друштво со Ешли Јанг, Никола Сансоне, Алберто Џилардино, Алехандре Лаказет, Франк Ривери, Роберт Левандовски, Давид Силва, Алекси Санчез, Диего Коста и Жервињо. 

Златан Ибрахимовиќ има заработено 12 пенали над него, играјќи во топ 5 лигите во Европа, колку што има заработено и Лавеци, Стерлинг, Балотели, Воланд и Томас Милер од Баерн Минхен. Антонио Модесте е до бројката 13, заедно со Варди. Роман Хамума во Франција изнудил 14 пенали, колку и Белоти во Италија. 

Фернандо Љоренте има заработено 16 пенали, а Нејмар е до 17 пенали направени над него, колку што има и Еден Азар. Босанскиот репрезентативец Един Џеко е со 18 пенали над него, Кристијано Роналдо има 19 пенали над него, а Луис Суарез е со 20 пенали врз него. 

Убедливо прв на оваа листа е Едисон Кавани кој како играч на Палермо, Наполи и ПСЖ има заработено 25 пенали во најдобрите пет лиги. Изненадувачки на оваа листа меѓу најдобрите, го нема Лионел Меси.

Најново во Фудбал