НЕМАШЕ МИЛОСТ ПРОТИВ ТИМОТ СО КОЈ СТАНА ЕВРОПСКИ ПРВАК

Пандев: Заслужено победивме, а што се однесува до Интер, се надевам дека ќе игра во ЛШ

Популарниот Гоче даде гол во победата на Џенова против гигантот од Милано

објавено: 18 февруари 2018 - 00:03

Горан Пандев има посебен мотив за игра против своите поранешни клубови. Откако неодамна му даде гол на Лацио, сега популарниот Гоче ја погоди и мрежата на Интер, во победата на Џенова од 2:0. Пандев беше најдобар на теренот и најзаслужен за трите бода против гостинот кој важеше за фаворит. 

„Добро се подготвивме, одигравме одлично второ полувреме и заслужено победивме. Посебно убаво е кога се победува пред домашна публика. Секогаш мислам убаво за Интер, бидејќи тоа е тимот кој ме донесе во Италија и тимот со кој освоив се што требаше. Сепак за нас беше важно да победиме на овој меч. Интер е голем тим со многу добри навивачи и заслужува да игра во Лигата на шампиони“, рече Пандев, по постигнатиот гол за Џенова против Интер. 

Најново во Фудбал