НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ДОНЕСЕ СРЕЌА

По четири меча, Барди влезе во игра, а Леванте победи прв пат по четири месеци

Леванте на гости минимално со 1:0 го победи Хетафе

објавено: 10 март 2018 - 20:25

По пропуштени четири меча, Енис Барди повторно беше на теренот во дресот на Леванте. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 69 минута на местото на Роџер и едноставно досесе среќа на неговиот тим. 

Само 10 минути по влегувањето на Бахди, Леванте со голот на Коке стигна до победа од 1:0. За Леванте ова беше прв триумф во шпанското првенство, за прв пат по 11 ноември 2017 година, кога Леванте победи на гости кај Лас Палмас. 

Со оваа победа Леванте стигна до 24 бодови и сигурно останува надвор од опасната зона и по ова коло во Ла Лига. 

Најново во Фудбал