За да се зачува тревникот на Арената

По наредба на делегатот - Розенборг „ќе се собере“ на тренинг на пола терен

Играчите на Розенборг добија половина од барањето да тренираат на националната Арена „Филип Втори“, вечерва од 19 часот. Делегатот на мечот побара од Норвежаните да тренираат на друг терен во Скопје, а гостите бараа официјалниот тренинг да биде токму на теренот на кој ќе се игра утре. И на крајот се најде необично решение, веројатно на задоволство на сите

објавено: 6 декември 2017 - 17:40

Играчите на Розенборг добија половина од барањето да тренираат на националната Арена „Филип Втори", вечерва од 19 часот. Делегатот на мечот побара од Норвежаните да тренираат на друг терен во Скопје за да се зачува тревникот, а гостите бараа официјалниот тренинг да биде токму на теренот на кој ќе се игра утре. И на крајот се најде необично решение, веројатно на задоволство на сите.

Делегатот дозволи фудбалерите на Розенборг да ја почуствуваат тревата на нашата национална арена, но ќе можат да тренираат само на едната половина од теренот. Оригинално решение кое го прифатија и гостите, се со цел утре и тие и Вардар да ги имаат нормалните услови за игра на последниот меч од Л групата во Европа Лигата.

 

Најново во Фудбал