КАКО ШТО ИНФОРМИРААТ ОД ФЕДЕРАЛНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ВО БРИСЕЛ

Полициски истраги за местење фудбалски мечеви во 7 земји, меѓу нив и Македонија!

Десетици полициски рации се случија во Белгија и шест други европски земји во огромна истрага за измама и наместени фудбалски натпревари, пренесува „Press Associtation".

објавено: 10 октомври 2018 - 13:52

Федералната јавна обвинителска канцеларија во Брисел објави дека во Белгија се случиле 44 рации, а уште 13 во Франција, Луксембург, Кипар, Црна Гора, Србија и Македонија.

Портпаролот рече дека годишната истрага пронајде докази за „осомничени финансиски операции" од страна на агенти, а исто така индикации за „можно влијание врз натпреварите" во текот на претходната сезона.

Воедно на голем удар се најде белгискиот фудбал, имено во денешните утрински часови биле уапсени голем фудбалски работници, обвинети дека режирале резулати на одредени натпревари, како и дека направиле финансиска измама.

Се шпекулира дека би можеле многу лесно да бидат исфрлени од белгиската лига, најголемите клубови како Бриж и Андерлехт каде што пак на удар се најдоа поранешниот тренер на Бриж, Иван Леко и еден од членовите на управата на Андерлехт.

Покрај нив, вмешани се уште новинари, поранешни адвокати, судии, агенти и многу други. Најмногу луѓе се приведени поради „перење пари".

Белгиските медиуми ваквата ситуација ја нарекоа како „Калчополи", потсетувајќи на случувањата во Италија. Истрагата се фокусира на „активности поврзани со криминална организација, перење пари и приватна корупција".

Најново во Фудбал