Големиот ас притиска за ангажман на својот пријател

Понуда што не се одбива - Робињо сака Сантош-тандем во Сиваспор со Фелипе, Вардар не го дава Бразилецот

Робсон де Соуза, или многу попознат како Робињо и сигнализирал на Управата на Сиваспор да го ангажира неговиот пријател Хуан Фелипе, но Вардар не го дава Бразилецот

објавено: 1 февруари 2018 - 14:57

Робсон де Соуза, или многу попознат како Робињо и сигнализирал на Управата на Сиваспор да го ангажира неговиот пријател Хуан Фелипе, но Вардар не го дава Бразилецот.

Робињо и Фелипе се одлични пријатели, заедно играа фудбал на песок во Бразил, зимово, а и заедно патувале за Турција. Фелипе кон Анталија, да се приклучи на подготовките на Вардар, а Робињо кон Сивас, во редовите на својот нов клуб Сиваспор.

Двајцата Бразилци оддамна се познаваат, од времето кога како деца заедно ја минаа фудбалската школа на Сантош. Робињо верува во квалитетите на Фелипе, кој има одлични неколку сезони во Вардар, па препораката за негов ангажман до челниците на Сиваспор е опасно приближување до трансфер на Фелипе.

Засега Вардар не сака да се откаже од својот најдобар фудбалер, но во фудбалот се е можно, па и Фелипе да си замине, ако има добра понуда.

Најново во Фудбал