ДОПОЛНИТЕЛЕН МОТИВ ЗА ЧАИРЧАНИ

Потрофеен тим од Ренџерс никогаш не играл против македонски тим

Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, официјалното деби на клупата на шкотскито гигант 

објавено: 20 јуни 2018 - 13:23

Шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс и легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард ќе дојдат во Македонија, на мегдан против Шкупи. Така одлучи ждрепката за Лигата на Европа.

Ренџерс е клуб кој има речиси 150 години традиција исполнета со многу трофеи. Ако се погледне од успесите во минатото, во витрините на шкотскиот клуб може да се најдат дури  54 титули освоени во домашното првенство, како и 33 трофеи во Купот на Шкотска и 27 пехари во Лига Купот на Шкотска.

Тоа се вкупно 114 значајни трофеи во домашните натпреварувања. Ренџерс има радост и во некогашен Купот на Куп победниците, како и две финалиња во истото натпреварување и финале во УЕФА Купот во 2008 година.

Стадионот „Инброкс“ на кој играат има капацитет за 50.000 гледачи и меѓу најверните навивачи. На дуелот против Шкупи, деби на тренерското место ќе има некогашниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард.

Поголем мотив од ова за Шкупи и не постои. останува чаирчани добро да се подготват и да се покажат во најдобро издание на мегдан во двомечот против шкотскиот гигант Ренџерс. 

Најново во Фудбал