седум контролни меча за „црвено-црните“ на подготовките

Познати противниците на Вардар во Словенија

Експедицијата на Вардар на 1. јули се враќа во Скопје

објавено: 5 јуни 2018 - 14:06

За време на подготовките во Словенија, Вардар ќе одигра седум пријателски натпревари. Противниците се веќе познати, а контролните мечеви почнуваат на 17-ти, завршуваат на 30-ти јуни.

Првиот противник на Вардар е тимот на Шампион од Целје на 17. јуни. Три дена подоцна Вардар ќе ги одмери силите со прволигашот од истата земја Домжале. На 21. јуни, Вардар ќе спарингува против Марибор. На 25.06 противник на нашата екипа ќе биде рускиот тим Оренбург, а на 26-ти ќе играме против Балзан од Малта. На 29. јуни претпоследен противник на контролните мечеви во Словенија ќе биде романски Херманштад, додека „генералната проба" ќе биде против Целје на 30. јуни.

Експедицијата на Вардар на 1. јули се враќа во Скопје.

РАСПОРЕД НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ВАРДАР НА ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ 2018 ГОДИНА:

17.06. - Шампион Целје (Словенија)

20.06. - Домжале (Словенија)

21.06. - Марибор (Словенија)

25.06. - Оренбург (Русија)

26.06. - Балзан (Малта)

29.06. - Херманштад (Романија)

30.06. - Целје (Словенија)

Најново во Фудбал