ПРЕД МЕЧОТ ВО ЕРМЕНИЈА

Проблеми за Вардар: Без Брдаровски утре во Ереван! (Фото)

„Црвено-црните" нема да сметаат на одбранбениот играч во првиот натпревар од стартното квалификациско коло на Лига Европа утре од 16:00 часот кога започнува мечот во Ерменија против Пјуник.

објавено: 11 јули 2018 - 19:40

Владица Брдаровски нема да настапи против Ерменците, се здоби со повреда на главата, и стратегот Бабунски ќе бара алтернатива во креирањето на почетниот состав.

Тој има девет конци на главата по судирот на тренинг со својот соиграч Коста Манев. Беше планиран за левата бековска позиција за дуелот со Пјуник.

Вардарци попладнево го одржаа официјалниот тренинг на стадионот „Вазген Саргсјан" во Ереван.

Најново во Фудбал