КАКО ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАПИТЕ ВО ЛЕ

Работнички ќе тестира со Динамо Загреб

„Романтичарите" закажаа четири пријателски натпревари со квалитетни ривали.

објавено: 21 јуни 2018 - 13:19

Експедицијата на ФК Работнички веќе втор ден е во базата Терме Чатеж во Словенија одработувајќи ја втората фаза од летните подготовки.

На 23 јуни тимот од Градски парк ќе одигра контролен меч со хрватскиот шампион Динамо Загреб, два дена подоцна следи дуел со босанскиот клуб Сараево.

На 28 јуни ривал ќе му биде словенечкиот прволигаш Триглав, а серијата тестови ќе заврши со пресметката против Домжале.

Избраниците на тренерот Ѓоре Јовановски на 1 јули се враќаат во Македонија и ќе продолжат да се подготвуваат на домашно тло за двомечот против унгарскиот Хонвед во првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.

Најново во Фудбал