Нема промени

Работнички на комплексот терени на ФФМ го чека и Динамо Минск, Шкендија против Хелсинки во Струмица

Работнички останува да игра на теренот на Фудбалската федерација на Македонија и за втората рунда квалификациски мечеви со Динамо Минск, а и Шкендија нема да менува, па ќе му биде домаќин на Хелсинки во Струмица

објавено: 7 јули 2017 - 12:07

Работнички останува да игра на теренот на Фудбалската федерација на Македонија и за втората рунда квалификациски мечеви со Динамо Минск, а и Шкендија нема да менува, па ќе му биде домаќин на Хелсинки во Струмица.

Романтичарите добија „зелено светло“ од УЕФА пак да играат на комплексот во Аеродром, каде во реваншот од првата рунда го декласираа Тре Пене со 6:0. Ќе му бидат домаќини на Динамо Минск на 13. јули од 18 часот.

Во истиот термин на 13. јули Шкендија ќе го пречека Хелсинки во Струмица. Реваншите на двата наши претставника за настап во Европа Лигата се на распоред на 20. јули.

Најново во Фудбал