ТРЕНЕРОТ ПОСЛЕ ЖДРЕПКАТА ЗА ЛИГА ЕВРОПА

Рамадани: Апсолутен фаворит е Глазгов Ренџерс

Составот на Шкупи после 14 години се враќа на европската сцена, а денеска беше одлучено во првото квалификациско коло да ги одмери силите против еден од најпознатите европски тимови.

објавено: 20 јуни 2018 - 13:16

Глазгов Ренџерс беше дефинитивно најтешката ждрепка за тимот од Чаир, свој коментар околу овој голем предизвик даде тренерот на тимот од Чаир:

„Не можевме да добиеме потежок противник. Но, мораме да бидеме подготвени и на достоинствен начин да ги браниме боите на нашиот клуб во Европа.

Секако во фудбалот се е можно, се надеваме среќата ќе биде на наша страна и зошто да не со Божја помош се квалификуваме во следната фаза. Но, треба да сме свесни дека апсолутен фаворит во овој двомеч е Глазгов", рече тренерот на ФК Шкупи, Зекирија Рамадани.

Првиот меч е закажан на „Иброкс" стадионот на 12. јули во Шкотска, а една недела подоцна е реваншот во Скопје.

Најново во Фудбал