Се води војна меѓу двете страни

Реакција од Вардар: Плаќаме најскап стадион во Европа

Раководството на Вардар е незадоволно од односот на јавното претрпијатие за Управување со станбен и деловен простор и од цената што на нашиот европски претставник ја плаќа за да игра на националната арена „Филип Втори"

објавено: 15 септември 2017 - 12:20

Раководството на Вардар е незадоволно од односот на јавното претрпијатие за Управување со станбен и деловен простор и од цената што на нашиот европски претставник ја плаќа за да игра на националната арена „Филип Втори“. Цената е 40 илјади евра со ДДВ, а од Вардар дури најавуваат и преселба на друг стадион.

„Не разбирам зошто е толку висока цената, а условите на стадионот на мечот против Зенит беа лоши. За пример контактиравме со луѓе од Партизан и Црвена Звезда. Големи клубови, гиганти во Србија. Тие плаќаат по 30 илјади евра годишно за користење на стадионите. Ние плаќаме 40 илјади евра само за еден меч. И во Белгија во Бриж има два клуба, а едниот од нив Клуб Бриж не плаќа ништо, но го одржува стадионот. Вториот Серкл Бриж плаќа 10 илјади евра од натпревар. Со многу повисоки цени на билетите. Верувам дека од претрпијатието што го стопанисува стадионот ќе ја преиспитаат одлуката. Знам дека секој има проблеми, но не сакаме на наш грб да се прекршуваат нечии проблеми. Ние и онака ги имаме доволно, не ни треба некој одвнатре да не урива“, вели сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко.

Реакција имаше и од Дарко Панчев и од останатите раководни лица во Вардар, а забелешките се дека сумата од 40 илјади евра од меч за користење на националната арена „Филип Втори“ е превисока. Патем од јавното претпријатие не си ги извршувале своите обврски.

„Вчера сами ги пополнувавме дупките, односно дел од техничките работи што се обврска на тие што го издаваат просторот, односно стадионот. Беше прљаво на трибините, немаше интернет, со лоши услови во тоалетите, билетарниците не работеа на неколку часа пред почетокот на мечот и уште ред други работи. Ни беше ветено дека ќе си ги исполнат обврските, но тоа не беше сторено. За жал ваквите постапки наликуваат дека се со некаква намера. Срамен е ваков однос кон клуб што бележи успеси. А, Вардар е првиот македонски клуб што успеа да се пласира во Европа лигата на УЕФА“, изјави Самоил Симев.

Најново во Фудбал