РИВАЛИТЕ НА ШКУПИ И ШКЕНДИЈА ГИ МЕРЕА СИЛИТЕ

Ренџерс ги преслуша „светците“ со 3-1

Звучи чудно, но противниците на Шкупи и Шкендија си одиграа контролен меч пред нивните настапи во квалификациите за ЛШ и Лига Европа.

објавено: 4 јули 2018 - 12:25

Во првиот предсезонски меч предводени од новиот менаџер Стивен Џерард триумфираа во пријателскиот натпревар кој што се одигра зад затворени врати.

Како што дознаваме, шкотскиот гигант со конечен резултат 3:1 го совлада противникот на Шкендија во ЛШ, велшкиот шампион Њу Сејнтс.

Ренџерс кој пак е ривал на Шкупи во ЛЕ, триумфираше во контролката со погодоците на Атакаји, Џејми Марфи и Рос МекКрори на „Хумел" Тренинг центарот.

Глазгов Ренџерс својот меч против Шкупи во 1. квалификациско коло од ЛЕ ќе го игра на 12. јули на „Иброкс" стадионот.

Како што се најавува, следниот тест кој што ќе биде првиот пред навивачите, Шкотите ќе го имаат против англискиот Барнли.

Најново во Фудбал