ВРАЌАЊЕ ВО ФУДБАЛОТ КАКО ОД БАЈКИТЕ

Адеми: Македонија може да игра и на Европско првенство

Аријан Адеми по пауза од две години, прв пат заигра професионален фудбал и тоа во репрезентативниот дрес. Само неколку минути му беа доволни да покаже дека е играч од врвен калибар

објавено: 9 октомври 2017 - 23:06

Аријан Адеми по пауза од две години, прв пат заигра професионален фудбал и тоа во репрезентативниот дрес. Само неколку минути му беа доволни да покаже дека е играч од врвен калибар, бидејќи влезе во второто полувреме и веднаш даде еврогол.

Адеми со солзи во очите го прослави погодокот. Тој верува дека оваа македонска репрезентација има квалитет за високи дострели, па зошто да не се надеваме и за пласман на следното Европско првенство, преку новиот формат на УЕФА, Лигата на нации.  

„Премногу емотивно, немам зборови тоа да го опишам. Две години мачење, две години поминување низ пекол. Нема што друго освен да се заблагодарам на селекторот и на сите во репрезентацијата, кои по две години ми дадоа шанса. Изгубив две години од животот за нешто што не сум виновен, затоа и така емотивно прославив. Младите момци кои играат сега се одлични. Голема разлика е меѓу оваа репрезентација од таа селекција пред две години. Може да надеваме на Европско преку Лигата на нации. Покажавме дека против слабите играме убедливо и победиваме, па зошто да не можеме да одиме на Европско“, рече Адеми по средбата во Струмица.

Најново во Фудбал